Димитров: Ако 19-та беше година на НАТО, 20-та ќе биде европска година

Министерот за навдорешни работи смета дека првите три месеци од годинава се важни за евроинтегративниот процес на државата, за што вели многу ќе помогне ако се донесе Законот за јавно обвинителство, а најави и дипломатска офанзива.
-Нашата задача сега е да ветуваме помалку, а да сработиме максимум. Мора да се фокусираме и мојата цел и целта на ова Министерство во следниве неколку месеци веднаш во новата година е да продолжиме со една дипломатска офанзива. Ќе биде многу од помош ако Собранието успее да го усвои двотретинснкиот закон за Јавното обвинителство. Тоа ќе помогне во оваа активност. Комисијата најави свој предлог за нова методологија кон крајот на јануари. Ќе има и краток извештај за реформските перформасни кон крајот на февруари, почетокот на март. Така што јануари, февруари, март се многу важни месеци за да го направиме тој пробив. И се надевам дека 19-та ако беше година на НАТО членството што формално исто ќе се затвори во 20 -та година, 20 – та ќе биде европска година, вели Димитров во Интервју за Канал 5.
Запрашан во врска со аферата Рекет, рече разбрал некаде во јуни месец кога била веќе отворена предистрагата од надворешен фактор.
-Многу е важно што има ефикасна судска развршница тоа прашање, што има таков фокус и лупа од јавноста. Меѓутоа, исто така, е важно тој случај да не направи да ги заборавиме сите случаи и одговорноста која што ни треба и која што и Европа ни ја бара од индициите за криминалот од прислушуваните разговори. Тоа ни е конкретна задача од Европскиот совет и токму затоа е важен и законот за јавното обвинителство, рече шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Ново на Сител
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
