СДСМ го прифати Чулев за министер за внатрешни

Познат целиот состав на техничката влада што треба да ги организира изборите на 12 април.
ВМРО и СДСМ постигнаа договор технички министер за внатрешни работи да биде Накле Чулев, поранешен директор на агенцијата за разузнавање Чулев беше предложен од Мицкоски во последен момент откако претходниот кандидат беше одбиен од власта. Потврдија дека Чулев е прифатлив кандидат за нив.
Останатите имиња од техничката влада се познати. Технички премиер од редовите на СДСМ ќе биде Спасовски, министерката Царовска е предложена за вицепремиер за економски прашања како наследник на Кочо Анѓушев. За министер за труд и социјална политика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пак, е предложена Рашела Мизрахи. За доплнителен заменик во внатрешни работи е предложена Славјанка Петровска, додека пак, во труд и социјална политика Санела Шкријељ.
За дополнителен заменик-министер за администрација е предложена пратеничката Невенка Стаменковска, во земјоделие – Цветан Трипуновски, додека пак, за финансии – Гордана Димитриеска.
Утре паралментот најпрво ќе треба да ја констатира оставката на Зоран Заев. Претседателот Стево Пендаровски пак, ќе треба веднаш да го додели мандатот за состав на техничката влада на Спасовски, а техничката влада се гласа од парламентот. Според законските рокови, собранието ќе треба да се распушти до 10 февруари, а на 12 април да се одржат и договорените избори.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница
-

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето на 6,3 милијарди долари во крипто-валути
-

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
