Во штипската Клиничка болница првото новороденче е машко
Ана Божинова (28) роди здраво машко дете на 1 јануари во осум часот и пет минути во штипската Клиничка болница, со што малиот Матеј е првото новороденче во Брегалничкиот регион. Божинова вели дека е родена штипјанка, а е мажена во Радовиш. Вработена е како медицинска сестра во рудникот „Бучим“.
– Бебето ми е втора рожба тешко е 3.100 килограми и е долго 49 сантиметри. Голема благодарност до вработените на акушерското одделение, вели Божинова.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска беше во посета на Одделението за гинеколгија и акушерство, каде што на мајката и првото новороденче им врачи штедна книшка од 10.000 денари и пригодни подароци.
– Секоја година овде доаѓаме за убав настан, да го посетиме прво роденото бебе во 2020 година. Од акушерското одделение ме информираа и дека до денес 2 јануари веќе има шест родени бебиња, што значи ќе биде успешна и оваа година, плодна со многу дечиња, вели Бочварски.
Гинекологот Наталија Атанасова вели дека и мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Забележува дека минатата година на ова одделение се родени 708 бебиња не само од Штип, туку и од остантите општини од источниот регион.
– Со царски рез се 35 посто од породувањата, остатокот се спонатни породувања, процентуално машки и женски имаме мал пораст на новородени машки деца, вели Атанасова.
Во новата година соодност меѓу родени машки и женски деца е ист, односно родени се три машки и три женски деца. Во 2018 година имале 817 породувања, што во споредба со 2019 година се бележи пад од над сто новороденчиња.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев рече дека и во 2020 година ќе бидат чувари на здравјето на пациентите од целиот источен регион.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска