Спасовски: Заедно со опозицијата ќе влеземе во преодната влада
![]()
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој за два дена треба да ја преземе функцијата премиер во техничката влада пред одржувањето на изборите, при денешната посета на Тетово изрази верување дека опозицијата ќе предложи нов кандидат кој ќе го раководи Министерството за внатрешни работи. На новинарско прашање дали очекува нов предлог од опозицијата тој одговори потврдно.
-Мислам дека тоа ќе го направат и заеднички ќе влеземе во таа преодна влада која треба да ги заврши сите овие процедури до изборите. Подготвени да продолжиме со таква динамика и со посветеност да работиме за граѓаните во предизборниот период, затоа што Македонија не смее да си дозволи да се стопираат проектите и да има застој во реформите. Напротив треба енергично, цврсто да газиме напред заради граѓаните и иднината на Република Македонија, истакна Спасовски.
На новинарско прашање дали можеби ќе се прифати сегашниот предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи, Спасовски порача дека мора да се почитува Уставот.
-Ставот дека мора да се почитува Устав е став што не може да биде променет и тоа треба да го почитуваат сите. Владата ќе функционира од моментот кога ќе биде избрана, а тоа треба да се случи на 3 јануари, затоа што изборите ќе бидат на 12 април, рече Спасовски.
Министерот Спасовски на првиот ден од новата 2020 година присуствуваше на промовирањето на новиот објект на Полициското одделение Камењане, Тетовско, како и на реновираниот објект на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај – Тетово.
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
