Уапсен припадникот на Нисма кој му упати смртни закани на Курти

Косовската полиција го уапси кандидатот за пратеник од редовите на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) Хаџи Хоти, кој вчера му упати смртни закани на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово откако неговата партија победи на парламентарните избори во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Веста во изјава за медиумите ја потврди портпаролот на косовската полиција Даут Хоџа, кој информира дека на Хоти му е одрдена мерката притвор во траење од 48 часа.
Хоти вчера, преку објава на Фејсбук, му порача на Курти дека „има две можности: или да го напушти Косово или да биде убиен“.
Според Хоџа, полицијата, по информацијата објавена на социјалните мрежи, постапи според службената должност согласно законските овластувања, третирајќи го случајот како „поттикнување на убиство“.
– Сите дејствија се преземени во соработка и во координација со судските органи, осомниченото лице беше побарано и не беше пронајдено дома, на истиот му е оставен налог да се јави веднаш во полиција и се запознаени сите полициски единици каде и да го најдат лицето да го приведат. На осомничениот по јавувањето во полиција по налог на обвинител му е одреден притвор од 48 часа заради натамошна процедура, се вели во изјавата на Хоџа за медиумите.
– Џон Ф. Кенеди беше интерес на американскиот народ да биде претседател, но не беше интерес на американската држава да биде претседател. Албин Курти е интерес на народот на Косово можеби, но не е интерес на косовската држава да биде премиер. Албин Курти има две можности: или да го напушти Косово или да биде убиен“, напиша Хоти, кој како кандидат на Нисма на октомвриските избори, со освоени 307 гласа, не успеа да стана пратеник.
Покрај ВВ на Курти, пораката на Хоти јавно ја осуди и неговата партија, Нисма, како и Вјоса Османи од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), амбасадорката на Косово во САД Вљора Читаку и многу други личности од јавниот и политичкиот живот во земјата.
Ново на Сител
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
