Анѓушев: Компанијата „Магна“ потврди инвестиција во државава

Компанијата за производство на ретровизори и огледала за автомобилската индустрија, „Магна“ ја потврди својата инвестиција и таа ќе биде предмет на одлука во следниот период, информира денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања во заминување Кочо Анѓушев.
„Магна“ моментно регистрира фирма во државава, а останатите детали за инвестицијата ќе бидат соопштени дополнително.
Анѓушев и премиерот Зоран Заев на прес-конференција најавија и дека американската компанија од автромобилската индустрија „Дура Аутомтив Системс“ ќе отвори две нови фабрики во ТИРЗ Скопје, каде веќе има пробно производство на својот прв капацитет.
Како што наведе премиерот, за 2,5 години Владата договорила 24 нови странски инвестиции во нашата земја. – Ако сега вкупно имаме само во индустриските зони 34 компании, разликата во полза на оваа Влада за активностите на овој план е сосема очигледна. Во досегашниот мандат на оваа Влада 13 фабрики се веќе пуштени во работа. Тоа се речиси двојно поголеми резултати во споредба со истите периоди 2013 до 2015 или периодот од 2015 до 2017, рече Заев.
Тие резултати, истакна, се само дел од големата успешна приказна во која за само 2,5 години граѓаните почнаа да ги чувствуваат придобивките заради добрите и одговорни економски политики преку зголемените плати, преку намалените трошоци, преку мерките за поврат на средствата и преку помошта која ја обезбедивме за ранливите. – Невработеноста во третиот квартал за 2019 година, како што кажавме, е веќе на 17,1 процент. Само во овој период отворени се 5.263 работни места и во моментов има 799.546 вработени. Во споредба со вториот квартал во 2017 година кога е формирана Владата невработеноста е намалена за 5,5 процентни поени. Само за девет квартали отворени се без малку 60.000 нови работни места или точно 59.564 нови работни места, посочи премиерот.
Ново на Сител
-

„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
