„Дура Аутомотив Системс“ ќе отвори две нови фабрики во земјава
![]()
Водечката светска компанија во автомобилскиот сектор, американската „Дура Аутомотив Системс“ ќе реализира нови инвестиции во земјава со отворање две фабрики во ТИРЗ Скопје 2, соопшти денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев.
– Во двете фабрики со најнова технологија ќе се произведуваат компоненти за потребите на најголемите светски автомобилски компании, нагласи Заев, додавајќи дека со ови инвестиции „Дура Аутомотив Системс“ ќе има три свои погони во земјава.
Во првата фабрика, „Дура Аутомотив Стракшан“ ќе произведува нов тип рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила. Фабриката ќе биде со површина од 25.000 квадратни метри и се очекува да почне да работи во првиот квартал на 2021 година. Петгодишниот инвестициски циклус на оваа фабрика ќе изнесува 48 милиони евра и ќе вработува 780 лица.
Втората фабрика, на „Дура Аутомотив Екстружанс“, ќе биде за производство на алуминиумски ултра лесни профили за батериски системи за електромобили. Погонот ќе биде со површина од 10.000 квадратни метри и исто така треба да почне со производство во првиот квартал на 2021 година. Петгодишниот инвестициски циклус на оваа фабрика ќе биде 20 милиони евра и ќе има 200 вработени.
Премиерот потенцира дека заедно со првата, во трите фабрики, ќе бидат вработени над 1.000 наши сограѓани, кои ќе станат дел од глобалниот систем на „Дура Аутомотив Системс“.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
