Демант на градоначалникот на Лозово: За казнувањето на хигиеничарката постои правен основ


Најнапред со писмено укажување и се обратив на почетокот на 2019 година да пристапи кон одржување на хигената во општинската зграда , само да чисти , додека
варање кафе и миење на шољи на вработените и седење со нив да не го практикува тоа понатака , нејзина работна задача да биде чистење на општинската зграда и доколку имам гости кои биле послужени со кафе и сок тие филџани и чаши да бидат измиени. Снежана и на ваквата писмено опоменување , не постапи. Секретарот на Општина Лозово , на ден 02.04.2019 година и поднесе извештај за поведување на дисциплинска постапка, со што со Решение 0901-510/5 од 12.04.2019год. и изрече дисциплинска мерка парична казна. Потоа од Секретарот на општина Лозово , на писмено и даде известување да се задржи строго кон извршување на работните задачи по Правилникот за систематизација на нејзиното работно место и во прилог и даде извадок од описот на работни задачи на нејзиното работно место. Таа и понатаму си продолжи по нејзино.

Од моја страна како Градоначалник на Општина Лозово , писмено ја предупредив на ден 27.08.2019 година да ги извршува работните задачи согласно со описот на работно место но таа и понатаму не постапуваше. Секратарот и тој се обиде со писмено предупредување да се подобри и понатаму безуспешно.
На писмените опомени и предупредувања насочени кон Снежана Цветковска ниту на писмено се произнесе кои се причините што не сака да чисти, ниту пак се подобри во извршување на работните задачи .
Од страна на Секретарот на општина Лозово , е поднесен извештај за нова дисциплинска постапка со формирање на Комисија за утврдување на чистењето и одржувањето на чистотата во општинската зграда , констатирано со Записник од извршен увид на лице место и изјави на лица кои непосредно се нашле на лице место и ја утврдиле фактичката состојба за хигената во општина Лозово.

Со второ Решение за изрекување на дисциплинска мерка парична казна Снежана Цветковска е санкционирана со парична казна од страна на Секретарот на Општина Лозово , за не одржување на хигената во општинската зграда , односно одржување на Културниот дом кој е во склоп на Општинската зграда. По однос на ова Решение се водеше и судски спор со кој го изгуби Снежана Цветковска. Решението за изречена дисциплинска мерка е потврдено од страна на наделжниот суд. Во прилог Ви ја доставувавм на увид оваа Пресуда во која може целата јавнос да види дека Снежана Цветковска-хигеничар во Општина Лозово, е казнета за неизвршување на работни задачи,односно не чистење на домот на културата за кое поседувам и фотографии и истите ви ги приложувам на увид.

Од тука јасно се гледа дека постои правен основ за изречената дисциплинска мерка , за не одржување на хигената која е работна задача на Снежана Цветковска , а не за не миење на филџани и шољи како што изјавува таа .
Еве ја во прилог пресудата во неа е утврдена фактичката состојба поткрепена со материјални докази –фотографии, а не както што шири лаги и не вистини во нејзиното интервју дека јас ги учам сведоците да казуваат не вистини.




Ново на Сител
-

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај
-

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
-

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи
-

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
-

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
-

Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско
-

26-годишен гостиварчанец со „јагуар“ удрил пешак и тешко го повредил
-

Мицкоски: Македонија влегува во деценија на зрелост, наша мисија е да покажеме дека државата ќе успее
