Заев: Имаме либерализиран пазар со најевтина цена на струја за граѓаните од наши сопствени капацитети кои плус прават профит

Секој што тврди дека пазарот на струја не е либерализиран тврди погрешно. Пазарот е отворен за сите, но компаниите што би сакале да влезат на нашиот пазар ќе треба да понудат поскапа струја, зашто ние имаме најевтина цена на струја во Европа од наши сопствени капацитети, од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), укажа Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во интервјуто за емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.
„Од компанија со загуби сега ЕСМ е компанија со добивка, а имаме најевтина цена на струја во Европа. ЕСМ има 80 милиони евра на својата сметка како добивка, без 11-те милиони евра кои им припаѓаат на граѓаните како заштеда од евтината тарифа. Тоа овозможува ЕСМ да инвестираат 30 милиони евра во филтри за прочистување на издувните гасови во РЕК, во нова механизација 19 милиони евра, 10 милиони во инвертери... Тоа се сериозни остварувања и затоа не случајно сме прогласени за шампиони во енергетиката“, истакна премиерот Заев.
Овој домаќински пристап, рече Заев во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат, ќе го продолжиме и во реализацијата на хидроцентралата Чебрен.
„Го завршивме административниот процес за подготовка за повик за јавно-приватно партнерство за изградба и за управување со хидроцентралата Чебрен. Проценетата вредност на проектот е од 500 до 800 милиони евра. Со капацитет од 420 мегавати, Чебрен ќе биде сериозен регионален балансер на енергетското снабдување не само за нашата земја. Се одлучивме за јавно-приватно партнерство за реализацијата на овој мега зафат зашто ако влезе само државата, тоа ќе повлече нов кредит. Сметаме дека тоа сега не ни е потребно и дека со приватен партнер ќе се обезбеди заокружување на финансиската конструкција“, истакна премиерот Заев во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.
Ново на Сител
-

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал
-

Миленкоски задоволен од стартот на македонските одбојкари во Европската лига
-

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето
-

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
-

Нови планови за нов клинички
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
