РЕК Битола: Огласот за вработување е логична последица на потребата за обновување на човечкиот потенцијал

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола на 14 декември 2019 година распиша оглас за вработување на 182 лица, а на 21.12.2019 година оглас за вработување на 12 лица. Станува збор за потреба од работници на различни позиции, како што меѓудругото, се технолошко чистење, заварувач, бравар… Огласот за вработување е логична последица на потребата за обновување на човечкиот потенцијал со кој располага РЕК Битола ако се знае дека во текот на 2019 година на 208 работници им престанал работниот однос по различни основи. Во најголем дел заради остварување на правото на пензија.
Слична е состојбата со бројот на вработени во комбинатот и за минатата, 2018 година, кога на 100 работници им престанал работниот однос по разни основи, а се вработилe 68 лица.
Некоректно и тенденциозно е тврдењето дека се врши масовна партизација на РЕК Битола во услови кога се работи за едноставно пополнување на работни позиции од кои зависи производствениот процес и кога огласот беше јавен и транспарентен, согласно законските прописи.
РЕК Битола бара од политичките партии да се однесуваат одговорно кон најголемиот производител на електрична енергија во земјата и кога се зборува за Енергетската стратегија за периодот 2020 – 2040 година. Хипотетичките сценарија за развој на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија недозволиво е да се претворат во “приказни за плашење на мали деца”.
Ново на Сител
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
-

МФ: Продолжува примената на повластената стапка на ДДВ од 5 проценти на новоизградени станови до крајот на 2028 година
-

Претседателот на Уставниот суд најавува нова ера на транспарентност и судски активизам
-

МЗШВ: Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
