Пајо Авировиќ именуван за специјален пратеник на претседателот во Меѓународната организација на франкофонијата

Претседателот Стево Пендаровски потпиша указ за поставување на Пајо Авировиќ на должноста специјален пратеник на претседателот на Република Северна Македонија при Постојаниот совет на Меѓународната организација на франкофонијата.
Како што се наведува во соопштението од кабинетот на шефот на државата, амбасадорот Авировиќ е актуелен директор на Директоратот за билатерални односи со воневропски држави во Министерството за надворешни работи, каде работи повеќе од две децении. Во текот на својата професионална кариера бил амбасадор во Израел (2009-2011 и 2014-2018) и шеф на постојаната мисија на Република Македонија во Обединетите нации во Њујорк (2011-2014).
Дипломирал Ориентална филологија – турски јазик и книжевност и арапски јазик и книжевност на Универзитетот во Сараево, магистрирал Ориентална филологија на Универзитетот во Белград, а се образувал и на Националната школа за администрација во Париз – ЕНА.
Покрај мајчиниот македонски јазик, како и српскиот јазик, Авировиќ зборува и англиски, француски, германски, турски, хебрејски и арапски јазик, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
-

Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
-

Масовни протести во Франција: Речиси 1.000 приведени, судири со полицијата и стотици илјади демонстранти
-

Србија гласа на 15-тите парламентарни избори, излезноста до 9 часот изнесува 12 отсто
-

Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и испиша историја во UFC
-

Мелони: Правото на протест мора секогаш да биде загарантирано, како и безбедноста на граѓаните
-

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
