Шахпаска обвини дека Ѓорчев ја отворил и ја затворил седницата со изговор дека нема кворум

Пратеничката Јагода Шахпатска од СДСМ, рече дека го барале и ќе го побараат пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ за седницата да се одржи и да се овозможи 320.000 пензионери наредната година да земат зголемување на пензиите.
– Иако седницата на Комисијата ја закажа утринава во 10 часот и шест минути, за денеска во 10:30 часот, членовите на Комисијата од пратеничката група на СДСМ и коалицијата точно навреме беа во Собранието и чекаа да бидат повикани на седница. Ѓорчев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во тоа време беа на меѓусебна координација во истата сала каде што требаше да се одржи продолжението на Комисијата. Ни беше кажано дека во моментот кога ќе заврши нивната координацијата, ќе започне седницата и за тоа ќе не информираат, поради што ние заминавме на јавна расправа за Законот за младински политики, објасни Шахпатска.
Пратеничката на СДСМ обвини дека Ѓорчев ја отворил и ја затворил седницата со изговор дека нема кворум. Таа го повика пратеникот да не ја опструира работата на Комисијата, а координаторот на ВМРО-ДПМНЕ да се огради од неговото, како што рече, „незрелото и недемократско однесување“ и да се изгласа покачување на пензиите за 320.000 пензионери во државата.
Ново на Сител
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
-

Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис со многу високо ниво на THC, пристигнати од Канада
-

Симовски: Дадовме солиден отпор против светскиот вицепрвак
-

ЦУК: Вкупно 31 пожар, три активни, четири под контрола
