Ќе се намалува рокот на договорите за вработување
Ќе се намалува рокот на договорите за вработување на определено од сегашните 5 години. Но на колку синдикатот и работодавачите сеуште не можат да се договорат. Од ССМ бараат да бидат најмногу до една година, но од организацијата на работодавачи сметаат дека треба да траат три години.
Од организацијата на работодавачи се сложуваат дека 5 години договор на определено е многу, но да бидат една година како што бара синдикатот е малку и ќе биде проблем особено за помалите фирми.
Работодавачите и синидкатот со различни ставови и околу работната недела и породилното отсуство. Од ССМ сметаат дека наместо 40, работната недела треба да трае 38 часа, а породолното да биде 12 месеци. Работодавачите пак тврдат - овие ставки во законот не треба да се менуваат.
Од синдикатот посочија дека најголем број на поплаки од работници има од оние сектори каде нема синдикати. Препорачуваат и странските компании да формираат синдикални организации.
Последен пат закон за работни односи е донесен во 2005 година.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар