Заедничка вежба на НАТО и РМ за справување со последици од катастрофи „Македонија 2020“

Директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку и заменик помошникот генерален секретар за операции при НАТО, Џонатан Периш, денеска ќе потпиша меморандум за соработка за организација и спроведување на 19-та вежба за справување со последици од катастрофи, именувана „ Македонија 2020“.
Овој документ е уникатен, потенцира Периш, бидејќи прв пат НАТО потпишува ваков документ со држава која при потпишување е дел од Партнерството за мир, а вежбата ќе ја имплементира како членка на Алијансата.
![]()
Според Буџаку, вежбата ќе биде одлична можност земјава да ги тестира своите капацитети за одговор во случај на непогода од поголеми размери.
– Република Македонија се стреми кон целосна интеграција во НАТО и во ЕУ, тоа се цели кои имаат силна поддршка од јавноста и целосен политички консензус. Владата и сите државни институции работат интензивно и се целосно посветени на реализација на оваа стратешка цел, рече Буџаку.
![]()
Тој порача дека стабилна и безбедна Република Македонија како полноправна членка на НАТО е огромен чекор напред за развој и просперитет на нашата земја, но и на целиот регион.
Периш нагласи дека нашата држава е значаен партнер на НАТО и очекува наредната година кога ќе се врати, како што рече, да бидеме 30-та полноправна членка на Алијансата.
![]()
– Овие вежби се многу поразлични од традиционалните НАТО вежби. Не се воени, туку се за справување со последиците од катастрофи и овозможуваат лицата и тимовите за прв одговор, главно цивили, но исто така и воени лица, да работат рамо до рамо да градат интероперабилност , да ги подобруваат своите вештини и да тестираат нови технологии, рече Периш.
Тој информира дека Next-Generation Incident Command System (NICS) интегрира информации од широк спектар на извори, ја олеснува комуникацијата помеѓу организациите при управување со итни ситуации, а значително ќе ја подобри брзината, координацијата и ефикасноста на одговор во случај на катастрофа.
![]()
Во Република Македонија има над 750 корисници обучени за користење на овој систем и во таа насока денеска им беа доделени сертификати на министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за здравство, на Армијата, на Дирекцијата за заштита и спасување, на Воената академија во Скопје, Противпожарната бригада и на Црвениот крст.
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
