Постигнат договор за ЕУ директивата за квалитетот на водата за пиење

Европскиот Парламент и Советот на ЕУ постигнаа преоден договор за ревидирање на директивата на ЕУ за квалитетот на водата, ревизија базирана на граѓанска петиција поднесена пред речиси две години.
Целта на оваа нова директива донесена под притисок на европските граѓани е да се подобри квалитетот на водата од чешма, како и пристапот до неа и да се информираат граѓаните потранспарентно за нејзиниот состав.
Европската Комисија, откако ја прифати граѓанската иницијатива позната како „Право на вода“ поднесе предлог ревизија во февруари 2018. Еврокомесарот за животна средина, Виргиниус Синкевичиус денеска го поздрави договорот постигнат меѓу двете коодлучувачки тела на ЕУ.
– Граѓаните јасно и гласно ја повикаа Комисијата да предложи иницијатива со којашто ќе обезбеди пристап до безбедна вода за пиење за сите Европејци. Комисијата го слушна повикот и одговори со амбициозен предлог. Денеска, ко-одлучувачите исто така го слушнаа апелот и се договорија да ги модернизираат правилата на ЕУ, да го подобрат квалитетот на водата за пиење врз основа на најновите стандарди и да ја зголемат транспарентноста во овој клучен сектор, изјави комесарот.
Новите правила се засноваат на специфичен пристап кој овозможува дополнителни превентивни мерки за заштита на изворите на водата за пиење.
Друга промена во легислативата е што граѓаните ќе имаат лесен и транспарентен пристап до сите информации за квалитетот и обемот на водата за пиење во нивното место за живеење, со што би требало да се зголеми довербата во водата од чешма.
Текстот на директивата се базира врз стандардите на Светската здравствена организација, но ЕК вели дека одат и чекор подалеку и смета дека ЕУ со ова поставува нов глобален стандард.
Мерките би требало да го намалат штетното влијание на загадувањето врз човечкиот организам и врз природните ресурси, како што предвидува Зелениот Пакт на Европската Комисија.
Според Европската Комисија, со овој ревидиран закон ќе се олесни справувањето со загадувањето од микропластиката како и од штетни хемиски супстанци.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
