-->
-->
Златни медали за Мојсовка и Јованоска на меѓународниот турнир „Трофеј на Македонија“
-->
На годинешниот трет по ред традиционален меѓународен турнир „Трофеј на Македонија“, македонските каратисти освоија две златни медали. Ангела Мојсовска беше најдобра во категоријата до 68 килограми, додека Пулексенија Јованоска победи во кати.
Од останатите македонски каратисти кои се натпреваруваа на турнирот, сребрени беа Глигор Петков (-84кг) и Ненад Келебиќ (-67кг.), Абдурахим Идризи (-60кг) и Сара Радичевска (-50кг.)
Со бронза се закитија: Емил Павлов во -60 килограми, Јована Георгирва (-55кг.), Моника Стефановска (-68кг.), Роберто Ацковски (-67кг.), Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.) и Жарко Арсовски (+84кг.).
На турнирот учествуваа и каратисти од Турција, Албанија, Косово и Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран