Експертите препорачуваат да се промени моделот за привлекување туристи
Промена на моделот за привлекување туристи, за да има поголем бенефит државата. Странците веќе не сакаат пречек на аеродром, хотел, шетање со тур оператори, организирани тури – она што го бараат се традициoналните, автентични обележја кои можат да ги видат, велат од туристичкиот сектор. Во наредните 30 години, според нив, таргет ќе ни биде привлекувањето на повозрасни, 50 до 70 годишни туристи, кои имаат пари и ќе бараат доживување.
Тонско Владимир Сулев Идејата, е на туристите да им понудиме средби со локални херои. Туристите сакаат да научат, како се резба, како се прави нешто од глина, да берат јаболка во Преспа.-Од искуствата кои ги имаме по завршувањето на турите може да видиме дека туристите сакаат да имаат доживувања на патувањето. Тоа за нив е клучниот мотив за да патуваат. Затоа во таа насока треба да ги подготвуваме нашите пакети и да се развиваме, изјави Владимир Сулев, Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија
Во моментов се подготвува нов Правилник за субвенционирање туристи, вели министерот за економија Бектеши. Задоволен е што бројот на посети во земјава постојано расте, а со тоа и девизниот прилив. Само во првата половина од годинава, по овој основ се слеале 154 милиони долари.
Според последните статистички податоци, од јануари до октомври бројот на туристи бележи пораст за 4,5%, во однос на истиот период лани . До октомври нашата земја ја посетиле нешто над 97 илјади турусти, од кои најмногу од Турција, Грција, Бугарија, Германија и Србија..
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар