Џафери до ВМРО-ДПМНЕ: Нема да ви поминат измени без поддршка од албанците
Измените на законот за јазици што ги најавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ поради прерпоките на Венецијанската комисја нема да пројдат во Собранието поради тоа што за нив е потребно Бадентерово мнозинство, а кај пратениците Албанци нема подготовеност да ги гласаат, вели собранискит спикер Талат Џафери. Сепак, поради процедурата, доколку измените бидат поднесени во парламентот тој ќе ги стави на седница.
Во тој контекст сметам дека ниеден предлагач кој и да е, во однос на евентуални дополнувања на Законот за употреба на јазиците, нема да најде соодветна поддршка кај пратениците Албанци, имајќи предвид дека тие го сочинуваат двојното мнозинство. Во дадениот момент мислам дека таква подготвеност кај пратениците Албанци не постои, вели Џафери.
Џафери потенцира и дека во важност единствено е законот за јазици кој тој со еден потпис го објави во Службен весник.
Укажувањата на Венецијанската комисија се необврзувачки и не значи дека по автоматизам законодавниот дом треба да преземе соодветни мерки по нив. Што се однесува до укажувањето дека дел од институциите не се во можност во моментот да ги спроведат сите аспекти на Законот за употреба на јазиците, тоа е работа на институциите на кои се однесува законот и тие во соодветно време треба да обезбедат предуслови за да може да ги спроведат законските одредби, вели Џафери.
За ВМРО-ДПМНЕ мислењето на странските екперти мора да се почитува. Законските измени ќе ги поднесат многу скоро и бараат тие да бидат прифатени од власта.
Власта треба да ги прифати предлог измените од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи почитувањето на препораките на Венецијанската комисија е услов согласно францускиот нон-пејпер за добивање датум за отпочнување на преговори со ЕУ. Власта да не си поигрува со европската иднина на Македонија и да се издигне над коалициските интереси, изјави Драган Данаев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Но албанската опозција застана против измените. За Алијансата на Села Венецијанската комсија работела еднострано и затоа нејзното мислење е нерелевантно и необврзувачко. БЕСА оди чекор понатаму: ако има измени тие треба да бидат во насока на за потполна рамноправност на албанскиот јазик со македонскиот
Од владата пак, остануваат на тоа дека засега нема отворање на законот за јазици. Анализите допрва следат особено откако двата коалициски партнери СДСМ и ДУИ ја вжештија реториката дали и како да се почитува одлуката на Венецијанската комисија. Премиерот Зоран Заев најавува работни групи.
Деновиве ќе се формираат и работните групи на кои заедно коалициски да може да го утврдат начинот како да се имплементираат препораките од Венецијанската комисија. коментирањето од сите страни по ова прашање за Законот за јазици е заради тоа што доаѓаат избори, но, без разлика на тоа законските решенија некогаш и живот значат за граѓаните, вели Заев.
За забелешките на пратеникот на ДУИ Артан Груби дека партијата не знаела дека на преиспитување се прака цел закон, премиерот Вели дека Груби е пратеник и затоа не знаел, додека владините претсавници знеле бидејки тоа било заклучок од седница на Влада.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар