Ноември годинава најтопол месец од 1951 година, но и надпросечно влажен

Како што информира УХМР, минатиот месец беа регистрирани повеќе од 17 дена со максимална температура над 15 степени со исклучок на Маврово. Средната месечна температура варираше од 6,3 степени во Маврово до 13,6 степени во Демир Капија. Споредено со просечните ноемвриски средно месечни температури од 1981 – 2010 година, годинашните се повисоки за 4,8 степени.
Највисоката максимална температура беше 25,7 степени, измерена на 6 ноември во Скопје (Зајчев Рид), додека средната максимална варираше од 10,2 во Маврово до 18,5 степени во Гевгелија.
Најниската минимална температура од -1,8 степени на 30 ноември е измерена во Маврово и беше повисока од минималната измерена минатиот октомври. Средната минимална температура варирала од 3,4 степени во Маврово до 10,4 степени во Гевгелија.
Во ноември 2019, месечната сума на врнежи, пак, варирала од 52 милиметра во Крива Паланка до 214 во Маврово. Максималната дневна сума на врнежи од 36 милиметри била регистрирана во Маврово на 13-ти во месецот. Врнежите биле од дожд и биле повисоки од просечните на целата територија од државата, повеќе во западниот отколку во источниот реон.
Споредено со ноемвриската просечна вредност од 1981 – 2010 година, измерената месечна сума на врнежи била 29 милиметри или 41 процент поголема од просечната на ниво на држава.
Ново на Сител
-

Грант од 500.000 евра за УГД - Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании
-

Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за 27 април
-

Повторно дојави за бомби во Загреб, во тек евакуација на основни и средни училишта
-

Скопската вода за пиење е безбедна, потврдуваат анализите
-

Белгискиот премиер со став дека ЕУ треба да почне преговори со Русија за окончување на војната во Украина
-

Директорот на египетската репрезентација: Салах има скината тетива и ќе му бидат потребни четири недели лекување
-

ЕСПН: Нејмар го пропушти тренингот на Сантос без да објасни зошто
-

Шефот на иранската дипломатија пристигна во Русија
