Уметничка акција по повод Меѓународниот ден на борба против корупцијата
На Меѓународниот ден на борба против корупцијата, 9 Декември, неколку улични активисти поставија табли низ центарот на Скопје, со кои предупредуваат на корупцијата и како таа влијае на живеењето.
-Од 44 држави во Европа, само две годинава се рангирани како покорумпирани од Македонија, која реномето за длабоко корумпирана земја го одржува со години. Еден од клучните атрибути за ваквото реноме е корупцијата при јавните набавки, се наведува во соопштението на активистите.
Активистите велат дека со оваа акција на сликовит начин се обидуваат на граѓаните да им објаснат колку многу парите на граѓаните, кои властите ги управуваат а не се нивни, се трошат за коруптивни зделки и се одлеваат во приватни џебови додека, како што појаснуваат, образованието, науката, културата, социјалата, здравството, екологијата страдаат.
Ново на Сител
-
Реакција од медиумите и СИРИЗА
-
Ставот на Мицкоски е во согласност со Преспа
-
Опозицијата смета дека програмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
-
Почнав со училишен бенд, стигнав до Макфест | Јана Спирковска | Sitel Podcast 046
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи