ДИК: Емисијата на хартии од вредност и државни записи не е поврзано со организација на изборите
Државната изборна комисија на вечерашната седница со мнозинство гласови од вкупниот број членови одлучила дека емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на Министерството за финансии на домашниот пазар на хартии од вредност не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите.
- Државната изборна комисија на вечерашната седница постапувајќи по барањето на министерот за финансии за донесување одлука согласно член 48 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, со мнозинство гласови од вкупниот број членови одлучи дека емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на Министерството за финансии на домашниот пазар на хартии од вредност не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите. Одлуката на Државната изборна комисија е конечна, се вели во соопштението од Државната изборна комисија.
Ново на Сител
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто