Тројца еминентни експерти по уставно право велат дека Трамп треба да биде отстранет од функција

Тројца од четворицата еминентни експерти по уставно право на САД, кои учествуваа на маратонското сослушување на Одборот за правосудство при Претставничкиот дом кое заврши доцна синоќа, велат дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да биде отстранет од функција.
Еден од професорите, пак, смета дека нема доволно докази за отстранување на претседателот.
Тројцата правни експерти – Ноа Фелдман (Универзитет Харвард), Памела Карлан (Стенфорд), Мајкл Герхарт (Универзитет на Северна Каролина), изјавија дека Трамп направил дела кои се основа за импичмент, а кои се поврзани со барањето од Украина да отвори истраги кои ќе му донесат политичка корист.
Фелдмен, рече дека со тоа што Трамп побарал од украинскиот претседател Володомир Зеленски да отвори истрага против неговиот политички противник на изборите 2020, поранешниот потпретседател Џо Бјаден, направил сериозен криминал, нешто што е утврдено во Уставот на САД како основа за импичмент.
Професорката Карлан изјави дека претседателот на САД треба да се спротивстави на надворешно мешање во американските избори, а не да охрабрува. Според неа, барањето на Трамп кон Зеленски е сериозна злоупотреба на службената положба.
-Претседателот треба да одговара пред законодавната власт, и тоа е еден од најважните принципи со кои републиката се одликува од монархијата.
Републиканците, пак, кои го поддржуваат Трамп, го повикаа професорот Џонатан Турли од Универзитетот Џорџ Вашингтон, кој пак рече дека недостигаат докази за импичмент на Трамп.
Ново на Сител
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
-

Трамп: Можно е по изборите да го засилиме бомбардирањето на Иран
-

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Кратењето средства за ОН го доведува во ризик образованието на милиони деца бегалци
