Хари Локвенец: Мицкоски е дупликат на пропаднатиот оф шор криминалец Груевски
Последните информации објавени во медиумите уште еднаш го покажуваат односот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски кон економијата и граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ и оф шор криминалецот Груевски имале намера од државата да направат даночен рај за перење пари на белосветски измамници. Еден од нив го запознавме во ликот и делото на Субрата Рој.
Објавените документи покажуваат дека криминалните желби и апетити на Груевски оделе до таму што тој сакал целата држава да ја направи голема пералница на нелегално стекнати пари.
Но, за среќа заедно со граѓаните успеавме да го спречиме. Од држава атрактивна за даночни затајувачи и измамници станавме држава атрактивна за вистински и сериозни странски инвестиции.
Ги спречивме Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да направат огромен оф шор криминал, а наместо тоа ја внесовме државата во НАТО и ја забрзавме интеграцијата во ЕУ.
Сите го препознаваат таквиот успех, освен Христијан Мицкоски, советникот на Груевски.
Затоа Мицкоски никогаш нема да добие поддршка, затоа што е дупликат на пропаднатиот оф шор криминалец Груевски.
Јасна е разликата помеѓу расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на СДСМ.
Додека во време на владеењето на Груевски и неговиот советник Мицкоски се случуваше оф шор криминал, замрзнати плата, и криминални тендери, денес Република Македонија како извесна 30 земја членка на НАТО има стабилна и развојна економија.
Платите растат во сите сектори, стапката на невработеност е на најниско ниво, а за една година, во 2018 година, во државата се забележани рекордни 624,5 милиони евра странски директни инвестиции.
Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е оф шор криминал, богатење на малкумина и расипничко трошење на парите на граѓаните. СДСМ обезбедува раст на платите, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.
Затоа, на 12 април, граѓаните повторно ќе потврдат дека сме на вистинскиот, на правиот пат и одново ќе ги поразат погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот ментор, оф шор криминалецот Груевски.
Ново на Сител
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри
-
Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев