-->
-->
ФК „Каменица Саса“ го одбележа Меѓународниот ден на лица со попреченост
-->

Фудбалскиот клуб „Каменица Саса“ се приклучи кон одбележувањето на Меѓународниот ден на лица со посебни потреби. За таа цел претставници на клубот го посетија Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.
-На нашите пријателчиња од Дневниот центар во Македонска Каменица им подаривме скормни подароци со што и ние решивме да дадеме свој придонес во одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Нашиот апел е, не само еден ден во годината туку секојдневно да се придружуваме кон промоција на еднаквост и инклузија на овие лица во сите сфери на општественото живееење, истакнаа од ФК „Каменица Саса“.
Во наредниот период како што додадоа, вратите на клубот ќе бидат отворени за каква било соработка која ќе биде побарана од раководниот тим на Дневниот центар.
-Во насока на таа еднаквост и општествена инклузија, отсега па во иднина, фудбалскиот Клуб „Каменица Саса“ ги отвара вратите од клубот за нашите пријателчиња од Дневниот центар во Македонска Каменица за било каква помош или поддршка која им е потребна, а сите спортски работници кои се дел од ФК „Каменица Саса“ ги отвараат своите срца за пријателство и дружење, додадоа од клубот.
Меѓу заедничките активности кои Фудбалскиот клуб „Каменица Саса“ очекува да бидат реализирани во наредниот период е и посета на фудбалски натпревар од страна на лицата со посебни потреби кои во пролетниот дел од сезоната ќе имаат можност да ги проследат настапите на ФК „Каменица Саса“ во Втората лига Исток.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
