Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра казнето е физичко лице за сторен прекршок – испуштање отпадни води на јавна површина, во населеното место Бардовци.
– Инспекциските служби на Општина Карпош вчера го санкционираа ова лице кое беше забележано како фрла отпадни води од превозно средство, со што придонесува во загадување на животната средина, соопшти Општина Карпош.

Општина Карпош информира дека ги интензивира инспекциските контроли. Континуирано се врши надзор кај затворените депонии во Злокуќани, кај фудбалското игралиште, во Бардовци, долж реката Лепенец, по течението на реката Вардар и на други покритични, јавни површини.

– Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат правилата и правилно да го одлагаат отпадот. Општина Карпош спроведува и информативна кампања за правилно фрлање на комуналниот, џепниот, кабастиот, електричниот и електронскиот отпад. На овој линк граѓаните можат да се информираат: https://bit.ly/2RjmSN8, се вели во соопштението од Општина Карпош.
Ново на Сител
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
-

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп - Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
-

Лидерите на ЕУ го завршија самитот во Брисел без договор за буџетот на Унијата
