ВМРО-ДПМНЕ го повикува Заев да се изјасни за предлогот на Мицковски

Зоран Заев три дена молчи во врска со предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лица кои биле амнестирани да не се занимаваат со политика, како и лица кои се во политиката да не можат да бидат амнестирани.
Зоран Заев бега од предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, затоа што е амнестиран криминалец за криминал од 8 милиони евра.
Зоран Заев се противи и на предлогот за испитување на потеклото на имот за политичарите, затоа што за милионите на Заеви нема оправдување.
Зоран Заев бега од предлогот политичарите кои се аспиранти за премиер да имаат статус на кандидат мандатар, за кандидатот кој ќе ги загуби изборите да се повлече од политиката и да не се крие зад пратеничкиот имунитет.
Зоран Заев гледа прибежиште за својот криминал во пратеничкиот имунитет. Тој мисли дека ќе се спаси од кривичен прогон.
Зоран Заев молчи затоа што е исплашен и знае дека аќе ги изгуби изборите на 12 април. Зоран Заев е премиер кој заговара амнестија, се плаши од испитување на потекло на имот, и не се откажува од пратеничкиот имунитет, зошто така мисли дека нема да одговара пред законите.
Зоран Заев треба барем да се охрабри и да каже дека не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. За граѓаните да знаат точно за каков човек станува збор.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
