Бизнис
2. December 2019 - 16:30

АЕК: Нема простор за паника, нема опасност од 5Г технологијата

Нема простор за паника – зрачењето од 5Г технологијата не е штетно за човековото здравје- покажало истражувањето на Агенцијата за електронски комуникации. Направиле анализа колку новите технологии го зголемуваат нејонизирачкото зрачење. Резултатите направени  кај 150 градини се дека  мерните вредности се многу пати помали  од дозволените. На некои  точки нејонизирачкото зрачење било  дури немалено, вели  директорот на АЕК Димитријоски

– Анализите покажуваат дека сме далеку под границите кои се светски параметар за зрачењето. Во медиумите може да прочитате разни вести дека 5Г технологијата е забранета заради штетноста итн.. Се тоа се шпекулации и апсолутно нема основа граѓаните да се грижат од таквите нови технологии, изјави Димитријоски, пред денешната втора јавна расправа на АЕК.

Шпекулациите за штетноста од зрачењето придонеле изминатиот период , по барање на граѓаните, АЕК да изврши мерења на  различни подрачја на државата. Граѓаните биле несигурни и за посточеките базни станици, за кои сакале дислокација,  што, според Димитријоски, дополнителни им прави проблем на операторите... На крајот на наредната година, кога а ќе се воведе 5Г технологијата  ќе мора да се стават за десет до 100 пати повеќе базни  станици  од постоечките.

Телекомуникациските оператори имаат солидна покриеност на цела територија, зголемен квалитет на услигите и поголема брзина на пренсот на подотоци, покажува анализата на АЕК. Поплаките од  граѓаните кон операторите драстично се намалиле, а цените се ниски, така што, влезот на трте оператотот според Димитријовски, нема да доведе до драстично намалување на цените.