Штипски „Исар“ изгради над 11 километри водоводна и канализациона мрежа
Штипското комунално претпријатие „Исар“ за 11 месеци има изградено и реконструирано вкупно 11 километри и 300 метри водоводни и канализациони мрежи. Директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев вели дека изградени се седум километри водоводна, а три километри и 300 метри канализациона мрежа. Инвестицијата изнесува околу 42 милиони денари.
-Исто така имаме избушено и нови бунари за водоснабдување, кои се ставени во функција и оваа година ако не беа избушени овие два нови бунари, граѓаните ќе стравуваа околу водоснабдувањето. Но, со нивното ставање во функција можам да кажам дека во летниот период, кога температурите беа високи успеавме водоснабдувањето да биде нормално и секогаш да имаат вода граѓаните, вели Тасев.
Забележа дека годинава штипското комунално претпријатие „Исар“ инвестираше и во две нови возила, косачки, а набавени се 135 контејнери и 145 кошчиња за отпадоци. Тасев појаснува дека новите возила и инвсетициите во комунална хигиена чинат над 11 милиони денари. Тој најави дека и наредната година приоритет ќе биде водоснабдувањето, но и парковите површини и зелените простори околу булеварите.
-Во однос на водовод и канализација ќе има нова водоводна линија кон населбата Чардаклија. Знаете дека оваа година имаше поголеми инвестиции во населбата Балканска и на улицата „Сутјеска“, а очекуваме не само населбата Чардаклија, туку и Македонка ќе добијат нова водоводна линија, односно ќе добијат вода од Филтер станицата, рече Тасев.
-Годишно тоа е околу 40 милиони денари, ако овој трошок го намалиме на еден милион ќе имаме заштеда од 12 милиони денари годишно вели, Тасев.
Раководството на ЈП „Исар“ ја прави новата Програма за работа за 2020 година, во којашто ќе бидат нотирани сите проекти кои ќе се реализираат од страна на работните единици.
Ново на Сител
-
Почна комисиската расправа за Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор