Рама им се заблагодари на Заев и Вучиќ и на лидерите во регионот за помошта на Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама синоќа им се заблагодари на лидерите во регионот за помошта на Албанија во санирањето на последиците од силните земјотреси што ја погодија земјата.
На средба со странските амбасадори акредитирани во Албанија, Рама им се заблагодари на нивните земји за помошта за Албанија по земјотресот што ја погоди земјата на 26 ноември, јави Танјуг.
– Не можам да најдам зборови за да искажам колку ни значеше таа поддршка … Беше брилијантно како реагираа Вучиќ и Заев … да не ги спомнувам нашите браќа од Косово. Брилијантно, нагласи Рама.
Албанскиот премиер исто така се заблагодари и за пораките за поддршка од Унгарија и Романија, потсетувајќи дека романскиот тим за спасување дошол во Албанија самоиницијативно.
– Прекрасно е да се видат луѓе од цела Европа, кои никогаш не стапнале во Албанија, кои немаат никакво познавање од албанскиот јазик, како ни искуство во ризикување на сопствените животи за непознати луѓе, рече албанскиот премиер.
Операциите за пребарување и спасување за преживеани од земјотресот официјално заврши, затоа што се верува дека под урнатините нема повеќе тела.
Рама претходно соопшти дека 50 луѓе загинале во земјотресите, од кои најсилниот беше 6,4 степени според Рихтер.
Тој рече дека се повредени околу 2.000 луѓе.
Албанскиот премиер информира дека според првичните проценки, околу 900 згради во Драч и повеќе од 1.465 во Тирана се сериозно оштетени.
Ново на Сител
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден