Завршува јавниот повик за субвенционирање за чистење оџаци

Град Скопје известува дека денеска се затвора Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните и други субјекти на подрачјето на Скопје за чистење оџаци за 2019 година. Со тоа, барања за субвенционирање за чистење оџаци повеќе нема да се примаат. До вчера, до 15 часот, се поднесени 395 барања за субвенции за чистење оџаци.
Целта на овој проект на Град Скопје е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците. Мерката има цел да постигне позитивни ефекти – подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, саѓи и трошоците за затоплување, како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.
Со овој повик, Градот Скопје надоместува дел од трошоците на домаќинствата и на другите субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари.
Ново на Сител
-

Јаневска до учениците: Учете вредно за да знаете, бидете пријатели со другите деца
-

Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар
-

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
