Граѓански организации бараат системски и трајни решенија за проблемите на Ромите

Решавање на прашањето на лицата без документи, домувањето, процентуалната застапенот на Ромите во јавниот сектор, како и дискриминацијата, беа дел од прашањата и проблемите кои ја засегаат ромската етничка заедница, а кои Неформалната мрежа на Ромски граѓански организации денеска ги изнесе на состанокот на собраниската Интерпартиската парламентарна група за правата на Ромите. Тие бараат системски, а не ад хок решенија за проблемите на Ромите за нивно трајно решавање.
Во моментов, посочија од мрежата, се регистрирани 750 лица без документи и се прави обид со закон кој ќе им овозможи добивање привремен матичен број да можат да ги остваруваат своите права. Но, како што посочи Љатифе Шикоска, од невладината организација „Амбрела“ тоа е привремено решение, кое мора да се надмине и да се работи на добивање траен матичен број и државјанство.
Од посочената бројка, според неа, најголем дел се деца. Највозрасното лице без документи е жена на 65 години. Има, потенцира Шикоска, и лица кои се роделе и умреле без идентитет. За да биде апсурдот поголем, посочи, има осудено 11 момче за сторено кривиочно дело.
-Но, прашањето е кого судот осудил во случајов кога тоа нема идентитет, рече таа барајќи итно и трајно решавање на овој проблем да се избегнат вакви апсурди.
Друг проблем на Ромите, на кој беше посочено денеска, е домувањето и проблемот со нелегалните градби. Тие, како што беше посочено, не можат да бидат легализирани поради тоа што голем дел од ромските населби не се ниту вцртани во дуповите на општините. Овие услови, велат од граѓанските организации, ги прават Ромите да бидат социјално ранливи и исклучени од општеството.
Проблем со кој секојдневно се соочуваат Ромите е и дискриминацијата. Како што посочија од мречата на невладини организации во последните години најголем број од случаите на дискримација биле врз Роми, а постапувањата по нив биле мали. Затоа, бараат, кога ќе биде формирана Комисијата за дискриминација еден нејзин член да биде припадник на ромската заедница.
Претставниците на граѓанските организации на состанокот забележаа и на малата и неправична застапеност на Ромите во јавниот сектор. Сега, рекоа, процентот на застапеност е 1,3 од потребните 2,6 проценти. Забележаа и дека половина од тие 1,3 проценти се на многу ниски работнми места, а мал или незабележителен број на раководни позиции.
Ашмет Елезовски од Националниот ромски центар, посочи дека многу се зборува за правата на Ромите, а многу малку се прави. Не се потребни само зборови, рече тој, туку аргументи, факти и дела. Побара сите да почнат вистински да се залагаат Ромите како заедница да ги добијат правата кои им припаѓаат.
Ново на Сител
-

Скопската Зоолошка организира прослава за првиот роденден на гибонот Мики
-

Нарачала мебел преку социјална мрежа, останала без 550 евра - измамена жена од Арачиново
-

Од црква во Чаир одземен бакарен лим од кровот вреден над 150.000 денари
-

Светска програма за храна: Војната во Иран може да доведе до акутен глад за 45 милиони луѓе
-

Татко кој физички и психички си ја малтретирал ќерката, која паднала од балкон во Тетово, сам се пријави во полиција
-

Шилегов: Исклучување од членство од партијата врши општинската организација, а не Филипче и раководството на СДСМ
-

Се фалсификувале документи за „Мерцедес-Мајбах“ и Буџетот се оштетил за 1,9 милиони денари
-

11-годишно девојче прегазено во Скопје, возачот избегал
