Поинаков BLACK FRIDAY: dm за првпат организира GIVING FRIDAY!

Речиси на секој од нас му е познат концептот на Black Friday- настан кој потекнува од Америка и нѐ асоцира на полни продавници, големи попусти, чекање во ред, туркања пред вратите на големите продавници...и уште многу други сцени на кои сме сведоци во овој период на социјалните мрежи.
Овој тренд, како и во повеќето земји, од година во година зема сѐ посилен замав и во Македонија. И ние, речиси секоја година, сме сведоци на големите попусти кои продавниците ги подготвуваат специјално за овој ден.
Но, оваа година наидовме на нешто што се разликува од целиот тој концепт и му дава една поинаква, хуманитарна димензија на самиот настан.
Имено, дрогериите на dm во Македонија по овој повод решија да одвојат дел од својот промет и да го донираат во хуманитарни цели. Па така, во петок, 29 ноември 2019 година, во сите dm дрогерии во Македонија, инспирирани од светскиот настан Black Friday, ќе се одржи иницијатива, под мотото Giving Friday, со слоганот #givingisthenewblack.
Покрај бројните редовни попусти, оваа година dm го претвора Black Friday во добротворна акција, што ќе резултира со радост и помош онаму каде што е повеќе од потребно. Од вкупниот промет на овој ден во сите дрогерии на dm, 5% ќе бидат донирани на ЈЗУ Клиничка болница – Штип.
Оваа акција за прв пат беше промовирана минатата година од страна на одредени земји од концернот на dm, со едноставна цел: да се охрабрат луѓето да направат нешто добро. Оваа година акцијата ќе се одржи во сите 13 земји каде што dm е присутен на пазарите, меѓу кои е и Македонија.
На нас ни останува само да кажеме едно големо „Браво“ за ваквата иницијатива и да се надеваме дека во иднина ќе гледаме сѐ повеќе вакви примери на одговорно однесување кон заедницата.
Ново на Сител
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
-

Бартломиеј Питала - почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство
-

300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА
-

Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина
-

25-годишен тетовец ја нападнал сопругата па се заканувал на нејзиното семејство
