„Од попреченост до хранопроизводство“ – проект за социјално зајакнување на лицата со попреченост во руралните средини

Националната федерација на фармери, Шведската организација за развој „Ви ифект радиојелпен“ (We Effect Radiohjаlpen), Филозофскиот факултет во Скопје и Министеството за труд и социјална политика денеска ќе ги презентираат проектот „Од попреченост до хранопроизводство“ (From Disability to FoodAbility) и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост во руралните средини.
Проектот, кој се реализира во временски период од јули 2019 до јуни 2021 година, има за цел да придонесе кон подобрување на состојбата на лицата со попреченост – деца и возрасни со интелектуална и физичка попреченост и нивните семејства кои живеат во руралните области. Предвидените проектни активности ќе придонесат за социјално и економско зајакнување на лицата со попреченост и нивните семејства во руралните области преку инфраструктурни интервенции и приспособувања во начинот на производство на храна, како што се пластениците и градините за производство на зеленчук.
Целната група на проектот ја сочинуваат најмалку 60 лица со попреченост, како и нивните семејства, односно ќе се изврши директно влијание на околу 250 лица. Покрај тоа, 150 луѓе кои живеат во рурални области ќе бидат обучени за застапување, односно разбирање и лобирање за правата и потребите на лицата со попреченост. Дополнително, преку комуникациските канали на Националната федерација на фармери ќе бидат информирани повеќе од 10.000 лица.
Ново на Сител
-

Уапсен 27-годишен стружанец, пронајдени 41 паковка со марихуана
-

Одложување на примената на ЕЕС-системот на грчките граници за македонските државјани во летната сезона бара Туристичката комора на ССКМ
-

Нафтата поскапува трет ден последователно, берзите вознемирени поради кревкото примирје на Блискиот Исток
-

За една година удвоен бројот веб-страници што продаваат материјали со сексуална злоупотреба на деца
-

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби
-

Специјалниот претставник на Трамп, Зампаоли предложи Иран да се замени со Италија на СП 2026
-

Најстудено утрово на Попова Шапка -4 степени
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини за проневера од 700.000 евра
