Македонските спасувачи извадија две тела од урнатите згради во Албанија

Македонските тимови коишто учествуваат во спасувачките акции во Албанија лоцираа и извадија две починати лица на две локации под урнатите згради, по разорниот земјотрес кој што вчера изутрина ја погоди земјата.
Владата информира дека тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија, од вчера попладнето се во Албанија за да помогнат во спасувачките акции на локалните власти.
„Од доцна синоќа тимовите на републичките сили – тим за заштита од урнатини на ДЗС, преку офицерот за врски добиваат комплексни задачи за прва помош и извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.Покрај тимовите ДЗС, упати и специјализирана техничка опрема, амбулантно возило, медицинска и техничка опрема, како и најсовремена механизација која се користи за да се дојде до евентуалните преживеани.
На терен се и припадници на МВР со куче спасувач специјално тренирано за пронаоѓање преживеани под урнатините.
Владата донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.
Ново на Сител
-

680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко
-

Приведен кумановец, во неговиот дом пронајден пиштол
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
