Лековите во Црна Гора се три пати поскапи отколку во регионот

Во последните неколку години граѓаните на Црна Гора се принудени лековите да ги купуваат три пати поскапо отколку што е нивната цена во околните држави, а тоа го диктираат веледрогериите и приватните аптеки, бидејќи без контрола и пропишан лимит се утврдува цената на медикаментите, пишува весникот „Дан“
Весникот ја пренесува приказната на читателка која неколку пати морала да оди во Србија и БИХ во набавка на лекови за превенција од мозочен удар и за лекување заболувања на коските, што во Црна Гора биле три пати поскапи и чинеле 90 евра.
Пациентите предупредуваат дека капките за „Глауком трусопт“ во Црна Гора чинат осум, а во Србија три евра. Лекот за простата „Мострафин“ од пет милигарми во земјата чини 15 евра , а во Србија е три пати поевтин.
Граѓаните се жалат и дека кутија лек „Таракан“ за кардиоваскуларните заболувања од 90 парчиња, во Црна Гора чини 15, а во Србија околу 9,5 евра. „Кафетинот“ е за 1,5 евро поскап во Црна Гора во однос на Србија, додека терапијата за дијабетес е двојно поевтина
Од Агенцијата за лекови и медицински средства (ЦАЛИМС) на неколку пати соопштуваа дека на цената на лековите влијае и големината на пазарот.
Претседателката на Синдикатот на доктори по медицина Милена Поповиќ Самарџиќ истакна дека Уредбата за критериумите за формирање на максималните цени на лековите е контроверзна, бидејќи Хрватска и Словенија се референтните земји, врз основа на кои се донесува одлуката за висината на чинење на лековите, кои имаат далеку поголема платежна моќ, како и Србија која има сличен стандард како црногорскиот. Поповиќ Самарџиќ истакнува дека не постои уредба за максимални цени на лековите во слободна продажба.
-Цените на лекови се далеку повисоки отколку во регионот, иако ДДВ-то на лекови во Црна Гора е седум отсто, а во БИХ дури 17 отсто. Врз конечната цена на лековите влијае маржата на веледрогериите и аптеките, цената на производителите, фарамцевтскиот надомест и ДДВ-то. Нашите лекови се поскапи отколку во Србија, БиХ, Македонија и Албанија. Производителите се жалат на скапиот процес на регистрација на лековите на нашиот пазар, заради што често пати се повлекуваат од него. Недовоно се работи за да се намали цената на лековите на црногорскиот пазар. Механизми постојат, но недоволно или вооошто не се користат, истакна Поповиќ Самарџиќ.
Ново на Сител
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
-

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори
-

Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син кај Сарај
