Три закони за финансирање крупни капитални проекти поминаа на владина седница

Три закони со кои ќе се обезбедат финансиски средства за финансирање на крупни капитални проекти како Програма за наводнување на Македонија, изградба на мали хидро централи на ХС Лисиче и пречистителна станица за отпадни води во Скопје усвои Владата на денешната 167-ма седница.
Програма за наводнување на Македонија опфаќа рехабилитација и проширување на четири системи за наводнување по долината на реката Вардар (Страиште, Лисиче, Коњско и Пепелиште), а вкупната инвестициона вредност на Програмата изнесува 110,7 милиони евра.
– За Програмата за наводнување предвидени се средства преку заем од Владата на Германија, преку КфВ, во износ од 80 милиони евра, грант средства од Владата на Германија во износ од 2,8 милиони евра и учество на Владата на Република Македонија во износ од 27,9 милиони евра, соопшти владината прес-служба.
Оттаму посочуваат дека на предлог на Министерството за финансии, Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, со кој, меѓудругото, ќе се изврши појаснување, допрецизирање и олеснување што произлегуваат од одредбите од Законот кои се однесуваат на: непризнаените расходи, правото на даночен кредит за одредени зголемувања на даночната основа, како и за работи кои се однесуваат на граѓанските непрофитни организации.
Ново на Сител
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
