Олег Сенцов денеска ќе ја прими наградата Сахаров за 2018 година
Олег Сенцов денеска ќе ја прими наградата Сахаров на Европскиот парламент за слобода на мислењето, која ја доби минатата година и која не му беше лично врачена со оглед дека се уште се наоѓаше во рускиот затвор во Сибир, каде ја издржуваше казната од 20 години затвор со обвинување дека „подготвувал терористички акти против руската власт на Крим“, јавува дописникот на МИА.
Минатата година во Стразбур на негово место беа неговата братучетка Наталија Каплан и неговиот адвокат Дмитри Динзе, но по неговото ослободување во септември Сенцов допатува во Стразбур лично да ја прими наградата Сахаров.
Олег Сенцов, активист за човековите права, се најде во руските затвори откако демонстрираше како илјадници Украинци против анексијата на неговиот роден Крим од Русија на плоштадот на независноста во Киев. Сенцов беше ослободен во септември 2019 во рамките на размената на затвореници меѓу Русија и Украина.
Наградата Сахаров, Европскиот парламент му ја додели минатата година поради „неговиот мирен протест против илегалната окупација на Крим, како и поради неговата храброст, одлучност и неговите убедувања за поддршка на човечката достојност, демократијата, правото и правната држава.
-Неговиот штрајк со глад и неговите храбри јавни позиции направија од него симбол за ослободување на политичките затвореници во Русија и во светот, рече минатата година тогашниот претседател на ЕП,Антонио Тајани.
Олег Сенцов тогаш испрати писмена порака до ЕП.
-Не можам да бидам присутен, но вие можете да ги слушнете моите зборови. Иако некој друг ги кажува, зборовите се најсилното средство со кое едно лице располага и понекогаш единственото средство, кога се друго му е одеземено“.
Денес Олег Сенцов слободно ќе може да му се обрати на Европскиот парламент во Стразбур.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг