-->
-->
Јоханис победи на претседателските избори во Романија
-->

Клаус Јоханис е реизбран за претседател на Романија, откако оствари убедлива победа во вториот круг против лидерката на Социјалдемократската партија Вјорика Данчила.
Според 88 проценти од преброените гласови, Јоханис освои 63,2 проценти од гласовите, а досегашната премиерка Данчила 36,8 проценти.
Романија победи ! Денеска победи европска, нормална Романија ! Романците се херои на денот. Тие излегоа да гласаат во импресивен број – изјави Јоханис од седиштето на Националната либерална партија, по објавувањето на излезните анкети кои ја прогнозираа неговата победа.
Јоханис (60), кој пред да влезе во политиката беше професор по физика во средно училиште, рече дека победата ја прифаќа со „радост, благодарност, скромност и верба во Романија“.
Излезноста во вториот круг изнесуваше 49,87 проценти, што претставува намалување од 53,17 проценти колку што гласаа во 2014 година.
Сега, по оваа победа, има многу работи што треба да се направат, многу работи треба да се поправат. Ова е значаен пораз за Социјалдемократската партија, но мора да бидеме реални. Освоивме важна битка, но војната допрва треба да се победи. Мора да гласаме и на локални и парламентарни избори – рече Јоханис.
Јоханис рече дека само откако Социјалдемократската партија ќе биде испратена во опозиција, ќе биде можно да се направи она што го бараа Романците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
