Артан Груби дозволил „Шверцери“ да влезат во МНТ вели директорката Угриновска
Директорката на МНТ Симона Угриновска вели дека не била информирана за прославата на Шверцери.
„Беше најавено одбележувањето на Денот на албанската азбука а ми рекоа дека ќе има уште еден настан во рамките на тоа но не ме информираа за што станува збор. По завршувањето на првиот дел во театарот влезе толпата навивачи, да го проследи документарниот филм снимен за нив, и неконтролираната толпа направи значителна материјална штета. Искршени се орнаменти кај седиштата и слични штети. Утрово повикав екипа на МВР да ги согледа штетите од овој настан. Морам да потенцирам дека објектот не беше изнајмен туку отстапен на барање на Министерството за култура, изјавила Угриновска за „А1 он“.
На директорката Угриновска и било кажано дека координацијата за првиот настан ја води портпаролот на Владата Мухамед Хоџа додека за втрориот настан бил одговорен организациониот секретар и пратеник во Владата Артан Груби кој и покрај инсистирањето не ја информирал за сценариото за вториот настан.
Наспроти ракциите и критиките за однесувањето на „Шверцерите“ во МНТ, пратеникот на ДУИ, Артан Груби на Фејсбук ѝ го честита јубилејот на навивачката група.
Ново на Сител
-
Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор
-
Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“
-
Лепче со паричка на Бадник или на Василица?
-
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-
Православните христијани го слават Бадник
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации
-
МААЕ информира за силни експлозии близу Запорожје АЕЦ
-
Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната