Се уредува енетериерот во училиштето во село Црник

Привршуваат градежните активности за реконструкција на ентериерот во подрачното училиште „Ванчо Китанов“ во пехчевското село Црник.
Градоначалничкот на Пехчево, Драган Тренчовски, кој изврши увид во градежните работи, информираше дека со години немало реконструктивни зафати за средување на внатрешниот простор во ова училиште, што според него ќе придонесе за следење на наставата во многу подобри услови за учениците и наставниот кадар.
– До крајот на идната недела очекуваме комплетно да биде завршена реконструкцијата во училиштето во кое се реновирани училниците, а привршува и санацијата на ѕидовите, плафоните и училишниот ходник. Со ова очекуваме да бидат подобрени техничко-просторните услови во кои настава следат шеесетина ученици од селото, истакна Тренчевски.
Како што додаде, Општината и понатаму ќе продолжи да инвестира во подобрување на условите за настава на учениците и наставниот кадар и во останатите училишта.
За оваа намена, од буџетот на деветолетката „Ванчо Китанов“ во соработка со локалната самоуправа, како што информираше директорката Добрилка Јовевска, се издвоени средства во висина од 720 илјади денари.
– Со тие средства се среди внатрешноста на училиштето, се изврши реконструкција и санација на ѕидовите и плафоните на пет училници, реконструиран е ходникот во училиштето, беше извршено поставување на ламинат на ѕидовите, обезбедена е нова пинг понг табла за учениците, поставени се нови табли и набавени училишни реквизити за потребите на учениците во наставата, рече Јовевска.
По реконструкцијата на училиштето, активностите како што додадоа од училиштето „Ванчо Китанов“ ќе продолжат во училишниот двор, каде е планирано хортикултурно уредување со поставување на клупи, канделабри и други пропратни содржини, со средства обезбедени од Декадата и Стратегијата на Роми, преку Акциониот план за Ромите во општина Пехчево.
Ново на Сител
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
-

Од мотор во движење пукано кон „ауди“ кое го возел 34-годишен кумановец
-

Герасимовски: Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ привремено ќе следат онлајн настава
-

Фатен крадец во Државна болница, нападнал вработена која се обидела да го спречи
