-->
-->
Почнува откупот на тутунот
-->
Тутунскиот комбинат од Прилеп и „Сокотаб“ – Битола денеска треба да ги отворат пунктовите за преземање на годинашната реколта тутун со што и официјално ќе почне откупната кампања.
Според тутунските здруженија, родот годинава е околу 24.000 тони. Се очекуваат повисоки откупни цени зашто тутунот е со висок квалитет каков што немало со години.
Муса Ибраимоски, претседателот на тутунското здружение „Златен лист“ од Долнени каде годинава се очекува род од околу 7.000 тони, вели дека преку 60 проценти треба да биде прва класа.
– Лани, просечната откупна цена беше 217 денари за килограм, а годинава, поради високиот квалитет, очекуваме најмалку 250 денари. Околу 60 отсто од тутунот е прва класа. Секако, откупувачите ќе сакаат да приберат кај себе повеќе од родот поради квалитетот. Многу добро ќе им дојде на тутунарите зашто ќе земат повеќе субвенции за прва класа кои се 80 денари за килограм откупен тутун, истакнува Ибраимоски.
Од очекуваните околу 24.000 тони, над 17.000 тони се во пелагонискиот регион.
Прилепскиот тутунски комбинат откупниот пункт ќе го отвори во 11 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
