Живот
18. November 2019 - 15:36

Американец случајно го застрелал братот на лов: Мислел дека е елен па припукал

Во саботата маж во Мичиген случајно го застрелал братот додека биле на лов на елени.

Двајцата мажи биле на лов во подрачјето Бостон Тауншип, некои 200 км. северозападно од Детроит, и барале елен кога еден од браќата претходно го ранил, пишува Си Ен Ен.

Околу 17.30 часот по локално време се раздвоиле во густото поле со пченка. Мажот сметал дека го воочил елен и испукал куршум од пушка па по забуна го застрелал братот.

Братот е во стабилна состојба.

Братот кој пукал веднаш повикал итна помош па повредениот брат со хеликоптер е превезен во болницата во Гранд Рапидс. Се наоѓа во сериозна, но стабилна здравствена состојба.

Иако не е утврдена точната причина за пукањето, двајцата браќа целосно соработувале со истражителите па се претпоставува дека се работи за несреќен случај.