Засадени дрвца во Паркот на книгата на „Матица ексклузив“

Во рамките на акцијата „Ден на дрвото-Засади успех“ денеска беа засадени дрвца во Паркот на книгата на „Матица ексклузив“.
Како што соопшти Граѓанско здружение „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина!“, писателите за деца и млади Стојан Тарапуза и Фејзи Бојку во оваа пригода читаа свои стихови пред учениците и наставниците од Основното училиште „Блаже Конески“ од Прилеп.
Заедно со писателите Трапуза и Бојку дрвца засадија и нивните колеги Раде Силјан, Паскал Гилески, Иван Чапоски, Блаже Минески, професор д-р Кристина Николовска и поранешниот претседател на Собранието на РМ, Стојан Андов.
На поетското читање, пред самиот чин на засадување на дрвцата, се претставија и децата-поети од училиштето од Прилеп, а Фејзи Бојку освен на македонски, прочита и свои стихови на албански јазик.
Акцијата, како што се додава во соопштението, успешно се одвива во повеќе основни и средни училишта, детски градинки и домови на култура во Скопје и други градови.
Засадувањето дрвца во Паркот на книгата „Матица ексклузив“ беше предвесник на главната акција, која по 16 пат (осма година по ред), ќе се случи во среда, на 2 декември, со масовно засадување на садници низ цела Македонија. Мотото на оваа акција е „Засади успех“.
Ново на Сител
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
