Живот
16. November 2019 - 22:04

Најскап часовник на планетава: Овој часовник го продадоа за 31 милион долари

Единствениот рачен часовник „Патек Филип“ под ознаката „Grandmaster Chime Ref. 6300A-010“ е продаден на хумантарна аукција на компанијата „Онли воч“ во Женева за рекордни 31 милион долари!

Тоа беше доволно овој часовник да ја понесе титулата најскап на светот. Претходниот рекорд за најскап рачен часовник на светот го држеше „Ролекс Дејтон“, кој му припаѓаше на Пол Њумен, а кој на аукција во 2017 година, е продаден за 17,7 милиони долари.

„Овој часовник може да направи речиси се, освен да ви свари кафе“, рече Сабине Кегел, шефица на аукциската куќа „Кристи“ во Женева, задолжена за часовници.

Часовникот е посебно направен за оваа прилика. Освен што има датум и аларм, ова ремек дело има уште 20 функции. Бројчаникот му е променлив и може да биде во розева или црна боја.

Аукцијата „Онли Воч“ се одржува секоја година и вкупниот приход од продажбата е наменет за истражување на мускулната дистрофија, генетско пореметување кое ги погаѓа децата.