Како бебе бил оставен во контејнер за ѓубре, а денес е милионер

Фреди Фигерс (30) како бебе бил оставен во контејнер за ѓубре, а денес е извршен директор на компанија вредна 62 милиони долари.
Фреди е роден во градот Квинси, Флорида, САД, а мајка му го оставила на буниште бргу по раѓањето. Кога Нејтан и Бети Фигерс го вдомиле, тој бил стар само два дена.
Својата фирма Фигерс комјуникејшн, тој ја основал додека бил тинејџер. Освен тоа, тој е сопственик на четири патенти, а со технологија се занимава од дете. Кога имал девет години, сосем самостојно, го поправил својот прв калкулатор. На 12 години веќе имал вештини на техничар, а три години подоцна ја основал и фирмата.
Кусо потоа на неговиот татко му бил дијагностициран Алцхајмер, па момчето изработило специјални патики со вграден ГПС-уред за двонасочна комуникација. Тој изум за кусо време му донел заработка од 2,2 милиона долари.
На 24 години, младиот пронаоѓач веќе имал дизајнирано 80 софтверски програми, а освен умствено-работните способности, во својата околина важи и за човек со високи морални вредности. Нуди стипендии и помош за програми за млади, помага при плаќањето долгови на оние кои не можат да се справат со тоа.
Како што коментираат неговите сограѓани, животната приказна на Фреди е инспирација за многумина.
Ново на Сител
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
-

Облачно со локални врнежи од дожд
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
