Арменд Арслани нов заменик-министер за здравство

Собранието на денешната 120-та седница со 62 гласа „за“ и 17 „против“ го именува Арменд Арслани за нов заменик-министер за здравство.
Арслани, кој доаѓа од редовите на ДУИ, е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, кој претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга. Тој доаѓа на местото на Асим Муса, кој поднесе оставка на функцијата по скандалот со земање мито.
Во образложението за назначување на Арслани, премиерот Зоран Заев рече дека е во тек негово професионално и научно усовршување како специјализант по урологија и уролошка хирургија, а од 2018 е член на Управниот одбор на специјализираната болница по Урологија во Струга.
Заев посочи дека во текот на својата професионална кариера Арслани редовно посетувал специјалистички семинари и учестувал на студиски престои во земјата и странство, со што го усвовршува своето образование. Тој, како што рече Заев, од неговите работи поврзани со медицината се издвојува работата на преводот на Водичот на Европската асоцијација на уролозите, со што има придонесено во теоретската надоградба на оваа област.
Опозицијата за време на расправата ја обвини власта за лоши политики во здравството, како и за предизборно зголемување на платите на специјалистите.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека не треба нов заменик-министер за здравство, туку нов министер за здравство, бидејќи како што рекоа, работата на Венко Филипче е скандалозна и на сите анкети граѓаните се незадоволни од неговата работа.
Според нив, највисоките претставници на здравството се зафатени со корупциски скандали и разликата меѓу нив е само во тоа што дали некој бил фатен или ќе биде фатен во примање поткуп.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
