Бектеши: За Попова Шапка седум опции понудија консултантите, предлагаат и изградба на гондола од Тетово
На денешната седница на Владата што треба да се одржи во Тетово ќе бидат истакнати седумте опции за развој на Попова Шапка кои се понудени во физибилтии студијата што ја презентира консултантската куќа Прајс Вотерс Хаус Куперс на вчерашниот настан во ски центарот.
Министерот за еконија Крешник Бектеши вели дека со оглед на регионалното значење на Попова Шапка, информации ќе добијат и градоначалниците на полошките општини кои ќе бидат на владината седница во Тетово.
-Физибилити студијата ни даде насоки кои ние како Влада ќе ги диксутираме со граѓаните и ЕСМ. Посочувам на три опции, една да има јавно приватно партнерство, втора концесија и трета потполна продажба на сместувачки и угостителски капацитети бидејќи работат со загуба. Идејата за јавно приватно партнерство е во оптек поради инвестициите што веќе ги правиме со патот, изјави денеска министерот за економија Бектеши во Тетово каде што е на увид на неколку теренски активности.
Тој посочи дека во презентацијата е посочена и идејата за изградба на гондола од Тетово до Попова Шапка.
-Според калкулациите на консултантите, изградба на гондола ќе чини 23 милиони евра. Наредната година ќе почнеме со проектирањето на гондолата што ќе чини 200 до 300 илјади евра, а потоа ќе одлучиме дали ќе одиме со јавно приватно партнерство или директна инвестиција на ЕСМ, рече Бектеши.
Целосната физибилити студијата ќе биде објавена на интернет страницата на Владата.
Ново на Сител
-
Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори
-
Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени избори
-
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот