Шекеринска се надева дека приемот во НАТО нема да ги одложи превремените парламентарни избори
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изрази надеж дека приемот на нашата држава во НАТО нема да влијае на најавените предвремени параламентарни избори.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали изборите може да бидат одложени, Шекеринска потенцира дека одлуката е донесена, има консензус и се работи на тоа изборите да бидат на 12 април.
Го прифаќам ставот на многумина кажан на лидерската средба, рече, дека 30 години работиме на два стратешки приоритети членство во НАТО и во ЕУ.
– Овие приоритети се над се останато. Апсолутно сметам дека треба да напаравиме се што е во наша моќ навреме да се завршат постапките пред парламентарните избори и очекувам и се надевам дека тоа ќе се случи, порача денеска министерката Шекеринска, која беше во посета на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во касарната „Гоце Делчев“.
Членството во НАТО, оцени таа, е успех број еден и ништо не смее тој успех да го загрози. Затоа, посочи Шекеринска, Владата носи потези кои само не приближуваат кон НАТО.
– На овој Парламент мораме да му ја дадеме шансата да го заокружи процесот со успех. Не беше лесно да се биде пратеник во последните две и пол години. Се носеа тешки одлуки, се носеа одговорни одлуки и сега тие одлуки ќе бидат крунисани со остварување на овој голем државен успех. Северна Македонија станува членка на најмоќната воено-политичка Алијанса, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло