Две нови илустрирани книги за деца од Весна Костантинова

Две илустрирани книги за деца од авторката Весна Костантинова денеска ќе бидат промовирани во Скопје. Станува збор за книги наменети за деца од предшколска и школска возраст преку кои тие се запознаваат со дел од убавините на државата, со недопрената природа, планините и езерата, но и со секојдневните проблеми кои и се закануваат, особено со неодговорното фрлање на сметот.
![]()
Книгите „Рисот Ристе и пријателите од Африка“ и „Рисот Ристе и пријателите од Јужна Америка“ се и корисна алатка за поттикнување на поголема интеракција и разговор меѓу детето и родителот или старателот и воспитувачот во цел поголема едукација, информираност и градење на чувство на одговорност за своите постапки и за сопственото здравје, со посебен акцент врз здравата исхрана. Истовремено во книгата се провлекуваат морални пораки за истрајноста, упорноста, самодисциплината, помагањето, неоткажувањето итн.

– Главната цел е да ја поттике љубопитноста кај децата, да ја разгори желбата за стекнување на нови знаења и да им помогне да израснат во здрави и одговорни личности. Истовремено делата имаат за цел и да влијаат врз создавањето и негувањето на чувството на припадност и идентитет, но и за прифаќање на различностите и пронаоѓање на заедничките особини со другите. Голем акцент е ставен на другарувањето, заедништвото, взаемното почитување и помагање, вели авторката Констатинова.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
