Младенци барале однапред пари за свадбата од гостите и откако добиле ја откажале венчавката

За некои младенци свадбите станаа повод за добра заработка. Се бараат пари во плик, грепки место цвеќиња, посебни подароци.Но, ова што го направиле свадбен пар од САД се граничи со некултура.
Тие од своите гости побарале однапред да уплатат пари како венчален подарок. На гостите, иако на почетокот им било сомнително сепак се согласиле. Се собрала пристојна сума околу 30.000 долари.Но, на неколку дена пред веселбата им стигнал мејл дека свадбата се откажува.
После многу разговори и солзи одлучивме да ја откажеме нашата венчавка. Ќе ви го кажеме новиот датум дополнително.Сакаме да ви се заблагодариме на уплатите. Можете ли да поверувате дека собравме 30.000 долари.Неверојатно. Не грижете се, парите нема да ги потрошиме за лични потреби туку за погреб.Благословени сме што имаме ваква фамилија и пријатели-пишувало во мејлот на младенците.
Дел од несудените гости им вратиле оти тоа што го прават е срамота и дека ќе размислат дали ќе дојдат повторно доколку решат дали да прават свадба.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски
-

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - продолжува најголемата еко-акција досега
-

САД потрошиле над 47 милијарди долари за војната против Иран
-

Промоција на мобилната апликација „м.Услуги“ за пристап до електронски услуги и дигитални документи
-

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
-

Сител дознава: МВР уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
